Нашата визија

Секојдневно се соочуваме со неочекуван раст на комплексноста на (податоците, содржината и) знаењето. Притоа, кога зборуваме за комплексност мислиме на значењето на димензиите, на реалните броеви, просторната и временската продорност на знаењето, но и непредвидливата динамика на променливоста на знаењето, непозната како во моментот на создавање така и во моментот на дејствување. Најочигледен пример за ова е интернет мрежата и сите материјали, меѓу другото и мултимедијални, кои се континуирано достапни on-line. Наша цел во ова истражување е да предложиме нов пристап кој се занимава со горенаведеното ниво на сложеност и кој, се надеваме, ќе ги надмине некои од проблемите на приспособливост кои се прикажани во постојните податоци и кои се присутни во постојните технологии за презентација на знаењето. Клучната идеја е всушност да предложиме bottom-up пристап, во којшто различноста се смета за карактеристика која мора да се одржува и експлоатира, а не како дефект што мора да се апсорбира во некои општи шеми. Предложеното решение се состои во парадигматска промена на гледиштето според кое знаењето во главно е стекнува преку комбинирање на основни конструкциски блокови, во гледиште според кое нови знаења се добиваат преку дизајнот или моменталната адаптација на постоечките знаења. Вообичаено нашето знаење се гради врз основа на т.н. пејзаж на постоечки значително меѓусебно поврзани делови од знаење. Знаењето веќе нема да се произведува ab initio и се повеќе и повеќе ќе претставува адаптација на други, постојни делови од знаење, неретко во траење како резултат на еден процес на еволуција. Овој процес не секогаш ќе биде контролиран или планиран однадвор, туку предизвикан од промени согледани во средината во која се вградени системите.

Останува предизвикот да се развијат креативни методи и алатки кои ќе овозможат ефективен дизајн на искористување, контрола и употреба на ефектите од растечките својства на знаењето. Сето ова води кон предлогот за развој на адаптирачки и, кога е потребно, само-адаптирачки системи на знаење, како и до предлогот на развој на нова методологија за инженерство и управување со знаењето, што ние го нарекуваме Управување со разновидноста на знаењето преку адаптација.

Фаусто Џункилија (раководител на проектот)
Тренто, 5 мај, 2006 година ~ 03:52


Превод на Илина Петкановска


Наша Визија (Serbian) Алсын хараа(Mongolian) A Nossa Céljaink (Hungarian) Notre vision (Francais) Tầm nhìn của chúng tôi (Vietnamese) ഞങ്ങളുടെ കാഴ്ചപ്പാട് (Malayalam) Nuestra visión (Spanish) আমাদের লক্ষ্য(Bengali) हाम्रो परिकल्पना(Nepali) हमारी परिकल्पना(Hindi) 우리의 연구 비젼(Korean) Vizyonumuz (Turkish) Մեր տեսակետը (Armenian) Нашата визија (Macedonian) Perspectiva noastră (Romanian) La Nostra Vision (Italian) Unsere Vision (German) Наш погляд (Belorussian) Vår vision (Swedish) Взгляд в будущее (Russian) لغات اختلاف المعرفه (Arabic) Our Vision (English)